Тој е татко на две машки деца на возраст од 3 години и од една година. Децата ги доби од врската со 37-годишната адвокатка Стела Морис која во видео порака побара Асанж да биде ослободен бидејќи стравува за неговиот живот. Таа одлучи да го обелодени постоењето на Габриел и Макс бидејќи е исплашена за животот на Асанж поради пандемијата од новиот вирус.

Британскиот суд одби кон крајот на март условно да го ослободи 48-годишниот Асанж, кој стравува да не се зарази од COVID-19. Преку Twitter, WikiLeaks  ја пренесе пораката на Стела, мајката на малите деца ја моли британската влада да го ослободи него, но и другите затвореници на кои им се заканува опасност од вирусот.

Асанж и Стела се во врска од 2015 година, а Асанж преку видео линк присуствувал на раѓањето на децата.