Џеф Безос е на врвот на листата на светски милијардери веќе трета година по ред, но светската пандемија ја измени листата на милијардери на Forbes, па многумина веќе не се на тој список.

Богатството на Безос изнесува 113 милијарди долари, но тој, исто така, забележа пад од 18 милијарди американски долари во однос на минатата година, најмногу поради „отштетата“ за развод од неговата поранешна сопруга, но неговите акции на Amazon се зголемија за 15 проценти.

Ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс го држи второто место со богатство од 98 милијарди долари, што е за 1,5 милијарди американски долари повеќе од минатата година.

Од останатите милијардери, 51 процент се посиромашни од лани.

Светските милијардери вкупно вредат околу осум трилиони долари, што е намалување од 700 милијарди долари во однос на 2019 година, посочува Forbes. На најновиот список на Forbes има вкупно 2.095 милијардери.