61 час жителите во Македонија не смеа да ги напуштат своите домови поради мерката за воведување на полициски час.

Кризниот штаб оваа мерка ја донесе со цел спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија.

Изминатите 61 час, колку што траеше полицискиот час, регистрирани веа и прекршувања за кои МВР и Јавното обвинителство ќе покренат соодветни прекршочни пријави.

За време на полициски час може да се движите само околку имате претходно издадена дозвола за тоа.

Според најавите, се очекува од четврток до вторник воведување на нов, долг полициски час поради верскиот празник – Велигден. За ваква одлука ќе се дискутира денеска или во наредните денови.