Како што соопшти Министерството за здравство, по градови во Скопје се регистрирани 15 лица, во Куманово 18, Прилеп 14, Тетово две, Струга 10, Велес шест, во Битола, Гостивар и Кочани по едно лице.
Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со COVID-19 во нашата земја изнесува 828 лица. Во изминатото деноноќие направени се 404 теста, а досега направени се вкупно 8.057 тестирања на коронавирус.
На инфективната клиника се примени двајца нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 69. Од нив, 18 се на кислородна поддршка, а осум на респираторна машина. Во ГОБ „8 септември“ примени се девет нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 31 пациент, од кои шест се на респираторна машина.
Во болницата во Битола се хоспитализирани шест пациенти. Тие се стабилни, а еден пациент е повремено на кислородна поддршка. На домашно лекување се следат осум пациенти со лесна клиничка слика.
Во болницата во Штип е хоспитализирани 13 пациенти, а уште 13 се следат на домашно лекување, додава Министерството за здравство.
Be the first to write a comment.